Центри за услуги ЕТУ

Во рамки на заложбата на Владата на Република Северна Македонија за градење сервисен систем на јавни услуги и ефикасна јавна администрација, со цел граѓаните да добијат подобри и поефикасни услуги, се реализира проектот со кој се воспоставени и опремуваат деловни простории - Центри за услуги, именувани како „Една точка за услуги“, со што им се овозможува на граѓаните на едно место да добијат услуги и информации и од различни државни и јавни институции

 

Проектот „Една Точка за Услуги“ подразбира воспоставување и опремување на деловни простории - Центри за услуги, именувани како „Една точка за услуги“, со што се овозможува на граѓаните на едно место да добијат информации и услуги од различни државни и јавни институции по принципот на „едно шалтерски систем“. Во ЕТУ Центрите, граѓаните на еден шалтер може да добијат услуги и информации кои се обезбедуваат од различни државни и јавни институции.

 

Министерството за дигитална трансформација има воспоставено осум центри за услуги „Една Точка за услуги“ на локациите:

 

  • ЕТУ СКОПЈЕ
    Адреса КЕЈ 13 ДИМИТАР ВЛАХОВ 4/14, ЦЕНТАР, Скопје – Центар
  • ЕТУ КУМАНОВО
    Адреса ПЛОШТАД МАРШАЛ ТИТО ББ, КУМАНОВО, Куманово
  • ЕТУ ТЕТОВО
    Адреса ГТЦ 90/1, ТЕТОВО, Тетово
  • ЕТУ БИТОЛА
    Адреса СТОЛАРСКА ББ, БИТОЛА, Битола
  • ЕТУ ОХРИД
    Адреса ДИМИТАР ВЛАХОВ ББ, ОХРИД, Охрид
  • ЕТУ АЕРОДРОМ
    Адреса ЈАНЕ САНДАНСКИ 109 Б, АЕРОДРОМ, Скопје – Аеродром
  • ЕТУ ЈЕГУНОВЦЕ
    Адреса 101 ББ, ЈЕГУНОВЦЕ, Јегуновце
  • ЕТУ ШТИП
    Адреса ВАСИЛ ГЛАВИНОВ 4 Б, ШТИП, Штип

 

Каталог на јавни услуги - корисничко упатство

 

Мени за пристапност