Повик за предлози во рамките на Програмата за Дигитална Европа

Министерство за дигитална трансформација Министерство за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација ги информира сите Дигитални иновациски хабови дека на 3 Април 2025 година, Европската комисија објави нов Повик за предлози во рамките на Програмата за дигитална Европа за Консолидација на мрежата на Европски дигитални иновациски хабови (EDIHs) со засилен фокус на вештачка интелигенција (ВИ) - Consolidation of the network of European Digital Innovation Hubs (EDIHs with reinforced AI focus) ID на повик: DIGITAL-2025-EDIH-EU-EEA-08

Цел на повикот

Целта на овој повик е зајакнување на европската мрежа на Дигитални иновациски хабови (EDIHs) во сите земји-членки на ЕУ и земји-партнери, обезбедувајќи целосна регионална покриеност. Иницијативата има за цел да ја подобри ефикасноста и капацитетот на EDIHs за задоволување на потребите од дигитална трансформација, со посебен фокус на технологии и апликации за вештачка интелигенција (ВИ).

Област на повикот

Избраните EDIHs ќе обезбедуваат специјализирани услуги за дигитална трансформација на МСП, средни компании и јавни институции, вклучувајќи:

  • Тестирање пред инвестирање: Обезбедување пристап до техничка експертиза и експериментални капацитети за ВИ.
  • Обука и развој на вештини: Поддршка за преквалификација и усовршување на работната сила во дигиталните технологии.
  • Поддршка за наоѓање инвестиции: Овозможување пристап до јавни и приватни извори на финансирање.
  • Мрежно поврзување и пристап до иновациски екосистеми: Промовирање на соработка со инфраструктурите за иновации во ВИ на ЕУ и други засегнати страни.

Клучни аспекти

  • Секој EDIH ќе делува како централен пристапен пункт за услуги за дигитална трансформација, користејќи капацитети за ВИ.
  • Мрежата ќе овозможи прекугранична соработка, размена на ресурси и упатувања кон инфраструктурите за иновации во ВИ.
  • EDIHs ќе придонесат за усвојување и имплементација на ВИ, поддржувајќи ги МСП и јавните институции со ВИ решенија.
  • Иницијативата е усогласена со зелената дигитална трансформација на ЕУ, зајакнувајќи ја индустриската отпорност и стратешката автономија.

Финансирање

50% кофинансирање доаѓа од Програмата за дигитална Европа, а за останатите 50%, апликантите треба да обезбедат одржливи извори за кофинансирање.

Подобност за аплицирање

Подобни апликанти се постојни Европски дигитален иновациски хабови финансирани преку Програмата за дигитална Европа или оние со Ознака за извонредност (Seal of Excellence).
Апликантите мора да бидат правни субјекти основани во соодветни земји членки на ЕУ или земји-партнери.

Критериуми за апликантите

Критериумите за апликантите според повикот вклучуваат:

Прифатливост - Апликантот мора да биде правно лице со релевантно искуство во дигиталната трансформација и иновациски технологии.

Фокус на вештачка интелигенција - Потребно е докажано знаење и капацитет за поддршка на развој, тестирање и имплементација на решенија базирани на ВИ.

Обезбедување на основните услуги на EDIH - Способност за обезбедување на:

  • Тестирање пред инвестирање
  • Обука и развој на дигитални вештини
  • Поддршка за финансирање
  • Вмрежување и поврзување со иновациски екосистеми

Прекугранична соработка - Вклучување во мрежата на EDIHs и соработка со европски AI инфраструктури.

Кофинансирање - Обезбедување на соодветни извори за кофинансирање, апликантите треба да ги опишат изворите на кофинансирање и како ќе постигнат економска одржливост за нивните операции, а оние кои имаат најодржлив пакет на кофинансирање ќе имаат предност.

Одржливост - Долгорочна стратегија за самоодржливост на активностите.

Елаборат до МДТ

Апликантите треба да поднесат елаборат до Министерството за дигитална трансформација (МДТ), кој ќе вклучува:

  • Опис на институцијата и нејзиниот капацитет за спроведување на активностите на EDIH
  • Предлог на услуги и активности во согласност со целите на повикот
  • План за кофинансирање и одржливост
  • План за вклучување на клучни партнери и соработка со други EDIHs
  • Очекувани резултати и индикатори за мерење на успехот

Процес на аплицирање

Заинтересираните организации се охрабруваат да ја прегледаат целосната документација за повикот и критериумите за подобност на официјалната веб-страница на Европската комисија-EU Funding & Tenders Portal.

Предлозите мора да содржат административни податоци (Дел А), технички опис (Дел Б) и задолжителни прилози (на пр. ценовник, клучни индикатори за успех – KPI, писма за поддршка (Letter of designation).

Повикот чијшто краен рок е 14.05.2025, е достапен на следниот линк: EU Funding & Tenders Portal

Потребните податоци е потребно да се испратат на адресата digital.europe@mdt.gov.mk најдоцна до 03.05.2025 година.

Мени за пристапност