Министерството за дигитална трансформација ги информира сите Дигитални иновациски хабови дека на 3 Април 2025 година, Европската комисија објави нов Повик за предлози во рамките на Програмата за дигитална Европа за Консолидација на мрежата на Европски дигитални иновациски хабови (EDIHs) со засилен фокус на вештачка интелигенција (ВИ)
Европската комисија отпочна со распишување на повици за користење на средства од Програмата „Дигитална Европа“ за одредени проекти. На овие конкурси ќе можат да учествуваат компании, јавната администрација и други субјекти од земјите-членки на ЕУ и ЕФТА, како и од трети земји кои се дел од „Дигитална Европа“, меѓу кои и Северна Македонија.
Почитувани, Ве информираме дека во рамки на процесот на усогласување на европското законодавство во доменот на електронските комуникации, Министерството за дигитална трансформација го подготви Нацрт – текстот на новиот Закон за електронските комуникации.
Во насока на постигнување на целите дефинирани во Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан на Европската комисија (2024-2027), Министерството за дигитална трансформација информира дека се подготвени четири нацрт закони.
Во овие најтешки моменти за македонската држава и народ од нејзиното осамостојување, како Министерство надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење, апелираме на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници.
Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, го ставија во функција новиот Центар за услуги наменет за грѓаните на Штип и околината.
Во вестите на ТВ Алсат М, гостуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој се осврна на онлајн игрите на среќа, кои се приредуваат како што напомена тој, од нелегални приредувачи на игри на среќа
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на Регионалниот развоен форум во организација на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ), кој овие денови се одржува во Будимпешта, Република Унгарија.