Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЕУ програма Дигитална Европа

Министерство за дигитална трансформација Министерство за дигитална трансформација

На 09 април 2026 година, претставници од Министерство за дигитална трансформација одржаа инфо ден посветен на програмата Дигитална Европа, во просториите на Воена Академија Генерал Михајло Апостолски во Скопје.

На настанот присуствуваа претставници од академската заедница, меѓу кои проф. д-р Љупчо Шошоловски, продекан за настава на Воената академија, проф. д-р Андреј Илиев, заменик раководител за меѓународна соработка, како и претставници од Министерството за дигитална трансформација: м-р Александар Богојевски, раководител на Одделението за ИПА и друга странска помош, м-р Антонио Нестороски, соработник за креирање политики и програми за обука, и Љупка Трнинкова, советник во секторот за ЕУ интеграции и меѓународна соработка. На инфо денот активно учество зедоа и студенти и професори од Воената академија.

Настанот беше насочен кон подигнување на свеста и јакнење на капацитетите за учество во програмата Дигитална Европа, со посебен акцент на можностите за аплицирање и развој на квалитетни проектни апликации. Во рамки на инфо денот беа обработени повеќе клучни теми, меѓу кои:

ü  тековни и претстојни повици за поднесување на проектни апликации

ü  процесот на креирање на конзорциуми

ü  државите учесници и критериумите за учество во програмата

ü  приоритетите на програмата Дигитална Европа

ü  успешни примери од ЕУ проекти

ü  јакнење на институционалните капацитети за подготовка на конкурентни апликации

Со воведен говор се обрати проф. д-р Љупчо Шошоловски, кој ја истакна важноста на соработката помеѓу академските институции и државните органи во насока на дигитална трансформација и интеграција во европските текови.

Во продолжение, м-р Александар Богојевски одржа детална презентација за програмата Дигитална Европа, при што ги претстави клучните аспекти на аплицирањето, критериумите за оценување, како и практични насоки за подготовка на успешни проектни предлози. Беше презентирано и резиме на успешни проектни апликации, со цел да се добие појасна слика за очекувањата и стандардите на програмата.

Посебен сегмент од инфо денот беше посветен на разгледување на потенцијални проектни идеи за заеднички апликации помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Воената академија, со што се отвораат нови можности за институционална соработка и учество во европски проекти.

Настанот заврши со интерактивна сесија „Прашања и одговори“, во која учесниците имаа можност да дискутираат за практичните аспекти на аплицирањето, како и за критериумите и приоритетите на програмата.

Министерството за дигитална трансформација останува посветено на поддршка на институциите во процесот на аплицирање и искористување на можностите што ги нуди програмата Дигитална Европа, со цел забрзување на дигиталниот развој и унапредување на националните капацитети.

Мени за пристапност