Централен регистар на население

Централниот регистар на население претставува единствена, централизирана и електронска база на податоци која содржи точни, доверливи и редовно ажурирани информации за физичките лица во Република Северна Македонија. Овој регистар е воспоставен со цел да обезбеди сигурен и ефикасен систем за размена на податоци меѓу државните институции, како основа за дигитална трансформација и модернизација на јавните услуги.

 

Централниот регистар на население содржи т.н. референтни податоци за граѓаните, како што се: име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, државјанство, адреса на живеење, брачен статус и податоци за смрт. Овие податоци се унифицирани и достапни во реално време за овластени институции, со цел поедноставување на административните постапки и намалување на потребата граѓаните да поднесуваат различни документи.

 

Извори на податоци

Податоците во Централниот регистар на население се прибираат и ажурираат од следниве изворни институции:

  • Министерство за внатрешни работи (МВР) – доставува податоци за лична идентификација, адреси и државјанство;
  • Управа за водење на матичните книги (УВМК) – доставува податоци за раѓање, склучување или раскинување брак и смрт;
  • Централен регистар на Република Северна Македонија (ЦРМ) – доставува податоци на граѓани поврзан со деловните субјекти, кога е релевантно.

Овие институции се единствени овластени извори на вистинити податоци во регистарот, и имаат обврска да ги ажурираат промените во согласност со закон.

 

Корисници на податоци

Овластен пристап до податоците на Централниот регистар на население за исполнување на нивните надлежности, имаат:

  • Министерство за дигитална трансформација
  • Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
  • Министерство за образование и наука
  • Царинска Управа на Република Северна Македонија
  • Државен завод за статистика
  • Централен регистар на Република Северна Македонија
  • Агенција за вработување на Република Северна Македонија
  • Агенција за катастар на недвижности
  • Македонски Телеком АД – Скопје
  • Евротруст Технолоџис ДООЕЛ
  • Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје)
  • А1 Македонија ДООЕЛ – Скопје

Овие институции се корисници на податоци и пристапуваат до регистарот согласно своите законски надлежности, во строго контролирана и безбедна околина.

 

Централниот регистар на население овозможува:

  • Намалување на административните трошоци и бирократија,
  • Подобрување на точноста и доследноста на податоците,
  • Поедноставување на процесите за добивање јавни услуги,
  • Повисока доверба во институциите и нивните евиденции.

Сите активности поврзани со Централниот регистар на население се во согласност со Законот за централниот регистар на население и Законот за заштита на личните податоци.

 

Мени за пристапност