Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Платформа за интероперабилност

 

Меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу државните органи, институциите и бизнис компаниите – Платформа за интероперабилност

Платформата за интероперабилност овозможува електронска размена на податоци и документи помеѓу институциите/компниите на стандардизиран, безбеден и унифициран начин. Размената на податоци помеѓу две институции се одвива според дефинирани стандарди за безбедност, заштита, формат и структура на податоците.

Непречениот проток на информации преку платформата за интероперабилност, го намалува времето потребно за пренос на информациите помеѓу институции, со што се олеснува протокот на електронски информации кои се потребни за обезбедување на јавни услуги прилагодени на потребите на граѓаните и бизнисите. Ваквата размена на податоци ја зголемува ефикасноста при работењето и го зголемува задоволството од услугите кои им се нудат.

Платформата за интероперабилност е базирана на Националната рамка за интероперабилност која ги следи европските начела за интероперабилност (EIF 2.0). Националната рамка за интероперабилност ги покрива сите аспекти на интероперабилноста: правна, организациска, семантичка и техничка:

Институциите/компаниите кои сакаат да се приклучат на платформата за интероперабилност и да разменуваат податоци преку оваа платформа, имаат обврска да обезбедат сопствен комуникациски клиент, кој претставува медијатор помеѓу нивните позадински системи и централните сервери на платформата за интероперабилност.

Секоја институција/компанија која се приклучува на националната платформа за интероперабилност неопходно е да обезбеди соодветен хардвер и софтвер за комуникацискиот клиент со следните минимални карактеристики: Минималните технички предуслови за комуникациски клиент.

За приклучување на платформата за интероперабилност, компаниите треба да ги имаат во предвид законските одредби од Законот за електронско управување и електронски документи и неговите подзаконски акти

Со Законот за електронско управување и електронски услуги како единствена околина за размена на документи и податоци по електронски пат (управувана околина за стандардизирана размена на документи и податоци меѓу органите) е националната платформа за интероперабилност - Македонска информациска магистрала (МИМ).

Во членот 9 од Законот пропишана е и обврската за користење на МИМ при што: „Органите и другите субјекти се должни при размена на електронски документи и податоци да ја користат МИМ, управувана од Министерството за дигитална трансформација. Стандардите за интероперабилност на МИМ, врз основа на кои е изградена националната платформа за интероперабилност, ги пропишува министерот за дигитална трансформација со посебен акт.

Во Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, интероперабилноста е дефинирана како способност на два или повеќе системи или нивните компоненти за размена на податоци и олеснување на заедничката употреба на податоци и знаење.

Законски, подзаконски акти, стратешки документи и други документи од значење за ревизијата:

Закони:

Подзаконски акти:

Листа на веб сервиси ги содржи сите веб сервиси/методи за размена на податоци кои институциите/компаниите можат да ги реискористат за своите потреби.

Генерални придобивки од размената на податоци преку платформата за интероперабилност:

  • Основна инфраструктура за понатамошна дигитализација и развој на е-услуги кои државата ги нуди на граѓаните и бизнисите;
  • Електронска, стандардизирана и сигурна размена на документи и податоци помеѓу институциите/компаниите;
  • Брза и ефикасна комуникација помеѓу институциите/компаниите со што се зголемува ефикасноста при спроведувањето на постапките;
  • Зголемена ефикасност и ефективност во работењето на органите на државната администрација и на компаниите;
  • Побрз и полесен пристап на компаниите до податоците кои ги бараат од институциите;
  • Зголемен квалитет на владините електронски услуги;

Следни активности

Зголемувањето на бројот на институции и бројот на веб сервиси/методи за размена на податоци претставува континуиран процес и главна цел на Министерството за дигитална трансформација. Министерството за дигитална трансформација континуирано обезбедува поддршка на институциите/компаниите за нивно активно партиципирање во размената на податоци преку платформата за интероперабилност, со цел зголемување на искористеноста на истата.

Мени за пристапност