Стратегија за развој на ИКТ: СМАРТ/МК 2030

Дигитализацијата не е цел сама по себе, туку силна алатка за справување со најголемите општествени предизвици – борбата против корупцијата, унапредување на транспарентноста, подобрување на здравството, образованието и судството, како и создавање на поволна деловна клима.

 

Со усвојувањето на Стратегијата за развој на ИКТ: СМАРТ/МК 2030, Владата на Република Северна Македонија поставува јасна визија за паметна, дигитална, поврзана и иновативна држава – држава која ја користи технологијата во служба на граѓаните, институциите и економијата. Заради воспоставување на целосно сеопфатен пристап, Стратегијата се базира на четири столба:

  • ИКТ инфраструктура и поврзливост – развој на безбедна, достапна и одржлива дигитална инфраструктура како основа за дигитална трансформација.
  • Дигитални компетенции и инклузивност – градење дигитални вештини и обезбедување еднаков пристап до дигитални можности за сите граѓани.
  • Е-владеење и електронски услуги – унапредување на јавните услуги, транспарентноста и довербата во институциите преку дигитални решенија.
  • Бизниси, иновациивештачка интелигенција и нови технологии – поттикнување на дигиталната економија, стартап екосистемот и примената на нови технологии.

 

Овие приоритети се целосно усогласени со европската рамка на Дигиталната декада 2030, а нивната реализација ќе се спроведува преку Акциски план со конкретни мерки, рокови и одговорни институции.
СМАРТ/МК 2030 е заедничка визија и обврска да изградиме дигитална, отворена и конкурентна Македонија, подготвена за предизвиците и можностите на новиот век.

 

Превземете ја стратегијата СМАРТ/МК 2030


Мени за пристапност