Во рамките на процесот на дигитална трансформација на државата, безбедноста на информациските системи (сајбер безбедноста) претставува клучен национален приоритет за заштита на дигиталната инфраструктура и услуги што ги користат граѓаните, државните и јавните институции и економијата.
Динамичниот развој на информациско-комуникациските технологии и нерамномерната дигитализација на процесите во различни димензии на општеството значително ја менува перспективата за сајбер безбедноста и го зголемува ризикот од сајбер напади и сајбер инциденти. Безбедна, отпорна и доверлива дигитална трансформација на процесите, и на општеството во целина, може да се постигне само доколку е поставена на солидни основи, во сигурен и отпорен сајбер екосистем.