Центри за услуги ЕТУ

Во рамки на заложбата на Владата на Република Северна Македонија за градење сервисен систем на јавни услуги и ефикасна јавна администрација, со цел граѓаните да добијат подобри и поефикасни услуги, се реализира проектот со кој се воспоставени и опремуваат деловни простории - Центри за услуги, именувани како „Една точка за услуги“, со што им се овозможува на граѓаните на едно место да добијат услуги и информации и од различни државни и јавни институции

 

Проектот „Една Точка за Услуги“ подразбира воспоставување и опремување на деловни простории - Центри за услуги, именувани како „Една точка за услуги“, со што се овозможува на граѓаните на едно место да добијат информации и услуги од различни државни и јавни институции по принципот на „едно шалтерски систем“. Во ЕТУ Центрите, граѓаните на еден шалтер може да добијат услуги и информации кои се обезбедуваат од различни државни и јавни институции.

 

Министерството за дигитална трансформација има воспоставено тринаесет центри за услуги „Една Точка за услуги“ на локациите:

 

 

    • ЕТУ Скопје
      Адреса: кеј „Димитар Влахов“ бб, Скопје - Центар
    • ЕТУ Куманово
      Адреса: плоштад „Маршал Тито“ бб, Куманово
    • ЕТУ Тетово
      Адреса: ГТЦ локал 90/1, 1 кат, Тетово
    • ЕТУ Битола
      Адреса: ул. „ Столарска“ бб, Комплекс Безистен, Битола
    • ЕТУ Охрид
      Адреса
      : ул. „Димитар Влахов“ бб, Охрид
    • ЕТУ Аеродром
      Адреса: бул. „Јане Сандански“ бр.70
      , локал 1, Скопје - Аеродром
    • ЕТУ Јегуновце
      Адреса: ул.„101“ бб, Јегуновце
    • ЕТУ Штип
      Адреса: ул. „Васил Главинов“ бр. 4Б, Штип
    • ЕТУ Кавадарци
      Адреса: ул. „Благој Крстиќ “ бр. 3/2, Кавадарци
    • ЕТУ Виница
      Адреса: ул. „Маршал Тито“ бр. 13, Виница
    • ЕТУ Свети Николе
      Адреса: плоштад „Илинден“ бб, Свети Николе 
    • ЕТУ Неготино
      Адреса: ул. „Маршал Тито“ бр.192, Неготино
    • ЕТУ Делчево
      Адреса: бул. „Методи Митевски Брицо“ к1, Делчево

 

 

 

Каталог на јавни услуги - корисничко упатство

 

Мени за пристапност