Cлободен пристап до информации од јавен карактер

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага Министерството за информатичко општество и администрација. Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање. Писменото Барање може да се поднесе до Министерството непосредно во архивата; преку пошта на адреса на Министерството (ул.„Филип Втори Македонски“, бр.11, Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: olivera.jakshikj.trantalovska@mdt.gov.mk). Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето. Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно. Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа. Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Оливера Јакшиќ Транталовска, контакт телефон: +389 2 3200 940, e-mail: olivera.jakshikj.trantalovska@mdt.gov.mk

 

Согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Службен весник на РСМ, бр. 101 од 22.5.2019 година

 

(1) Имателот на информации е должен да ја информира јавноста преку својата интернет страница со објавување на: 

 

- основните податоци за контакт со имателот на информацијата и тоа: назив, адреса, телефонски број, број на факс, е-маил адреса и адресата на интернет страницата, 

- податоците за функционерот или одговорното лице кај имателот на информацијата (биографија, податоци за контакт и друго), 

- основните податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации и тоа: име и презиме, е-маил адреса и телефонски број, Службен весник на РСМ, бр. 101 од 22.5.2019 година 5 од 16 

- прописите што во рамките на својата надлежност ги донесува имателот на информацијата во вид на подзаконски акт: правилници (правилник за внатрешна организација, правилник за систематизација на работните места, правилник за заштитено внатрешно пријавување и друго), уредби, наредби, упатства, планови, програми, решенија и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа се овластени со закон, 

- годишен Буџет и завршна сметка, 

- ревизорски извештај, 

- тарифници за надоместоци за издавање на реални акти, 

- начинот на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски пат), 

- предлог на програми, програми, ставови, мислења, студии и други слични документи кои се однесуваат на актите од надлежноста на имателот на информации соопштенија до јавноста за работи преземени од нивната интернет страница во согласност со законските надлежности, информативни билтени, службени гласила ако се обврска согласно со закон и друго, 

- извештаи за работа кои ги поднесуваат до органите надлежни за спроведување контрола и надзор, 

- статистички податоци за работата, како и други информации, акти и мерки со кои се влијае на животот и работата на граѓаните и кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информации и 

- други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информацијата. 

 

(2) Секој имател на информации е должен да овозможи бесплатен пристап до информациите од ставот (1) на овој член.

 

Мени за пристапност