Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Национален оперативен бродбенд план

Република Северна Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ, па во таа насока произлегува обврската за усвојување на Национален Оперативен Бродбенд План (НОБП), кој ќе биде усогласен со стратешките цели на иницијативата Digital Agenda for Europe1 – на ЕУ, како кровна стратегија за развој на информатичкото општество од 2010 година и стратегијата Towards a European Gigabit Society2 for 2025 на ЕУ од 2016 година.

 

Исто така, во подготовката на Националниот Оперативен Бродбенд План земени се во предвид препораките и регулативата на ЕУ за развој на следните генерации бродбенд мрежи, препораките за користење на државна помош за развој на бродбендот, стратегијата на ЕУ од 2018 година за проширување со земјите од западен Балкан3 , извештаите на ЕУ за развој на бродбенд пазарите, извештаите од меѓународни институции за развојот на електронските комуникации во регионот (Светска Банка, итн), извештаите и искуството од земјите членки на ЕУ во користењето на државна помош заразвој на бродбендот, итн.

 

Националниот Оперативен Бродбенд План, како наследник на Националната стратегија за развој на следна генерација широкопојасен интернет4 ги утврдува националните бродбенд таргетите кои треба во идниот период да се достигнат и утврдува мерки и активности за достигнување на истите.

 

ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ

Мени за пристапност