Доколку Вашата организација е заинтересирана за учество во повиците во рамките на Програмата „Дигитална Европа“ и е во потрага по меѓународни партнери или конзорциум на кој би му се приклучила, Ве покануваме да го пополните Partner Search Form (Формулар за пронаоѓање партнери) и да ни го доставите заедно со краток профил на Вашата организација.
Во формуларот потребно е да наведете:
- темата (Topic ID) или повикот за кој сте заинтересирани;
- краток опис на Вашата организација;
- релевантната експертиза, искуство и капацитети;
- улогата што сакате да ја имате во проектот и видот на партнерство што го барате.
По приемот на формуларот, Националната контакт точка (NCP) за Програмата „Дигитална Европа“ при Министерството за дигитална трансформација ќе го сподели Вашиот профил преку мрежата на Национални контакт точки од останатите земји учеснички во програмата, како и со потенцијални координатори и организации кои бараат партнери за формирање на меѓународни конзорциуми.
Имајте предвид дека Националната контакт точка не посредува при изборот на партнери, ниту гарантира вклучување во конзорциум, туку обезбедува поддршка во процесот на вмрежување и промоција на Вашата организација пред релевантни меѓународни партнери.
Дополнително, ги охрабруваме сите заинтересирани организации да се регистрираат и на Digital Europe Programme Matchmaking Platform https://www.b2match.com/e/digital-europe- официјалната платформа за вмрежување во Програмата „Дигитална Европа“, преку која можат да објават профил на својата организација, да пребаруваат потенцијални партнери и да воспостават директни контакти со организации и координатори од Европа.
Пополнетиот Формулар за пронаоѓање партнери можете да го доставите на: digital.europe@mdt.gov.mk.