Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет, е достапен на YouTube.
Анимираниот филм има за цел да ја подигне свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот, препознавање на онлајн ризици и одговорно дигитално однесување.
Видеото е достапно на македонски јазик, а дополнително е подготвено и на албански и англиски јазик, со цел содржината да биде достапна до поширока публика.
Анимираниот цртан филм може да се погледне на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=PG2UJw3pLKI&t=68s
Министерството за дигитална трансформација продолжува со активности насочени кон унапредување на дигиталната писменост, онлајн безбедноста и заштитата на децата и младите во дигиталниот простор.