Извештајот содржи анализа за спроведени активности на НКБК во имплементацијата на НОБП, податоци во однос на развојот на бродбендот во државата, анализа на исполнетост на утврдените национални таргети и тековната состојба.
Истиот е објавен на веб страницата на МДТ на следниов линк:
https://portal.mdt.gov.mk/post-documents/planovi-i-izvestai-document-PNrm.pdf
Согласно измените на Законот за електронски комуникации од Јули 2025, НКБК за својата работа одговара пред министерот за дигитална трансформација.
Ова тело најмалку два пати годишно подготвува извештај за развојот на бродбендот во државата во однос на развој на бродбенд пазарот во Европската Унија согласно со DESI (The Digital Economy and Society Index) и извештај за спроведувањето на усвоените стратешки документи и планови за развој на бродбендот во државата, исполнувањето на националните бродбенд таргети утврдени во истите.
Во ноември 2024, на местото на членовите на кои им беше истечен мандатот, се избрани нови членови, а за претседател на НКБК е именуван Дамјан Мирчевски, како и Тања Милановска Најдовски за заменик претседател на НКБК.