Ве известуваме дека прекинот на електричното напојување во објектот на „Една точка за услуги“, каде што е сместено и Подрачното одделение Скопје при УВМК, е поради тековни работи што ги извршуваат стручни екипи на ЕВН при реконструкција на објект на СОЗР.
Поради прекинот, службите во објектот времено не се во можност да ги опслужуваат граѓаните. Редовната работа ќе продолжи по завршувањето на интервенцијата и повторното воспоставување на електричното напојување.
Ви благодариме за разбирањето.