Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Андоновски одржа мастерклас на реномираниот Универзитет „Пантеон-Асас“ во Париз: Во фокусот дигиталната трансформација и модернизацијата на јавната администрација

Министерот Андоновски одржа мастерклас на реномираниот Универзитет „Пантеон-Асас“ во Париз: Во фокусот дигиталната трансформација и модернизацијата на јавната администрација

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски одржа мастерклас пред студенти на Универзитетот „Пантеон-Асас Париз 2“ во Франција, каде што зборуваше за дигитализацијата на јавните услуги, современото управување и улогата на младите во креирањето јавни политики.

На мастеркласот насловен „Servir au XXIᵉ siècle“ („Да служиш во 21 век“), Андоновски го сподели своето искуство од студентските денови до работата во јавната служба, посочувајќи дека дигиталната трансформација треба да им го поедностави секојдневието на граѓаните.

Како пример го наведе случајот кога студент мора да носи потврда од една институција во друга, иако државата веќе располага со потребните податоци.

Според Андоновски, дигитализацијата не подразбира само воведување електронски услуги, туку и преиспитување и поедноставување на административните процедури. Доколку институциите можат безбедно да разменуваат и проверуваат податоци, граѓаните ќе имаат помалку административни обврски, а постапките ќе се завршуваат побрзо.

Пред студентите ја претстави и m.Uslugi, бесплатната мобилна апликација која овозможува пристап до дигиталните верзии на личната карта и возачката дозвола, како и до услуги наменети за граѓаните.

Тој посочи дека пред нејзиното официјално лансирање апликацијата ја тестирале неколку илјади граѓани, а повеќе од 200 нивни забелешки и предлози биле вградени во конечната верзија.

Во рамките на дискусијата биле претставени и меѓународни искуства од дигиталната трансформација, меѓу кои украинската апликација „Дииа“, која послужила како инспирација за m.Uslugi, електронското потпишување преку мобилен телефон во Летонија и регионалниот роаминг во Западен Балкан.

Мени за пристапност