Ве известуваме дека Министерството за дигитална трансформација изготви Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор, кој е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) и е достапен за коментари и забелешки на следниов линк:
Нацрт-Закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
Со Нацрт законот се врши усогласување со Директивата 2019/1024 за отворени податоци и повторна употреба за податоците. Имено, јавните институции секојдневно генерираат голем број податоци со значајна економска и социјална вредност. Директивата 2019/1024 за отворени податоци и повторна употреба за податоците од јавниот сектор ги идентификува ваквите податоците и утврдува дека тие податоци треба да бидат достапни во машински читлив формат, за полесно користење и повторна употреба. Воведувањето отворени податоци ја стимулира економијата и создава поголем број работни места со квалификации за работа со податоци. Економијата има бенефит од поедноставен пристап до податоците, бидејќи истите придонесуваат за развој на нови иновативни услуги и креирање нови бизнис-модели.
Во контекст на наведеното, ги повикуваме сите заинтересирани страни да го дадат својот придонес преку доставување коментари и забелешки.