На 30 април, во Клубот на пратеници се одржа јавна расправа во рамките на проектот #MKSafeNet, на која беа презентирани Физибилити студијата и Акцискиот план за воспоставување на Центар за побезбеден интернет во Македонија.
На настанот беа претставени целите, клучните активности и очекуваните резултати на проектот, кој има за цел да овозможи одржлив, функционален и европски усогласен Центар што ќе обезбедува помош, едукација и заштита во дигиталното опкружување, особено за децата и младите.
Настанот го отвори државната секретарка од Министерството за дигитална трансформација, г-ѓа Гордана Клинчарова, која ја нагласи стратешката важност на Центарот како дел од националната дигитална агенда и заложбите за зголемување на дигиталната безбедност во државата.
Во расправата учествуваа претставници на конзорциумот на проектни партнери, релевантни институции, граѓански организации, експерти од областа и други засегнати страни. Присутните активно дискутираа за предизвиците, потребите и можните решенија за унапредување на дигиталната безбедност кај младата популација.
Проектот #MKSafeNet претставува значаен чекор кон развој на национална структура за побезбеден интернет и креирање инклузивен, безбеден и одговорен дигитален амбиент.
Го изразуваме нашето задоволство за активното учество и конструктивните предлози од сите присутни.