Почитувани,
Министерството за дигитална трансформација го подготви Нацрт-текстот на Законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор, кој е објавен на ЕНЕР и е достапен на следниот линк:
https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=86996
Подготовката на нацрт - Законот е во рамки на процесот на усогласување на Националното законодавство со правото на Европската унија и европските политики во областа на отворените податоци и повторната употреба на податоците од јавниот сектор.
Во таа насока, МДТ во соработка со Фондацијата ,,Метаморфозис“, ве поканува на јавна расправа која ќе овозможи отворена дискусија, размена на мислења и доставување конкретни предлози и забелешки по однос на предложените законски решенија, со цел унапредување на текстот на Нацрт-законот пред неговото усвојување.
Јавната расправа ќе се одржи на 28.01.2026 година (среда), со почеток во 10.00 часот, во Центар за иновации „Инокс“ (InnoX), Скопје.
Адреса: Плоштад Македонија 1000 Скопје
https://share.google/RuTVzbTAIlsVDlRO5
Во рамки на настанот ќе се промовира и ажурираниот Портал за отворени податоци, како и ВИ асистентот (Чат-бот) развиен во соработка со Македонски Телеком.
Со цел соодветна подготовка и организација на настанот, ги замолуваме сите заинтересирани и засегнати страни да го потврдат своето присуство со регистрација на следниот линк: https://forms.office.com/e/RqNTbHtWwU?origin=lprLink