ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ

Институција која огласува: Министерство за Дигитална Трансформација

Рок на пријавување: 03/03/2025

Европската Комисија, во рамките на Програмата Дигитална Европа, ги објави следниве два повици:

1.      DIGITAL-2026-SKILLS-09-LEAGUE-OF-ACADEMIES (ELEVATE)

Повикот DIGITAL-2026-SKILLS-09-LEAGUE-OF-ACADEMIES, има за цел воспоставување на Европската Лига на Академии за Напредни Дигитални Вештини (ELEVATE). Оваа иницијатива претставува клучен механизам за координација, стандардизација и унапредување на европскиот екосистем за напредни дигитални вештини.

Повикот поддржува активности за:
• координација и вмрежување на академии и европски иницијативи во областа на напредни дигитални вештини;
• развој на печат за квалитет на ИКТ обуки и европска рамка за модуларно сертифицирање;
• воспоставување на менторски програми и програми за стипендиска поддршка, и европска мрежа на алумни;
• организирање на европски настани, вклучително и виртуелен саем за кариера;
• обезбедување пазарна интелигенција и анализа на потребите од вештини.

Вкупниот буџет изнесува 7,2 милиони евра, а проектите ќе се спроведуваат во период од 48 месеци.

Потребен е конзорциум од најмалку 3 организации од 3 различни земји членки или асоцирани со програмата DIGITAL. Учесници може да бидат: универзитети и високообразовни институции, институции и центри за стручно образование и обука (VET), истражувачки организации, бизниси, ИКТ компании и индустриски партнери, јавни институции, невладини организации активни во дигиталниот сектор.

Овој повик е од особено значење за зајакнување на капацитетите за напредни дигитални вештини во Европа, како и за поддршка на целите на Дигиталната декада, особено во делот на зголемување на бројот на ИКТ специјалисти и учеството на жените во дигиталниот сектор.

2.       DIGITAL-2026-SKILLS-09-COMPETITIONS

Повикот DIGITAL-2026-SKILLS-09-COMPETITIONS- Европски Натпревари за Напредни Дигитални Вештини, е наменет за дизајнирање и спроведување на шест европски натпревари во напредни дигитални технологии. Овие натпревари имаат цел да ја поттикнат креативноста, иновациите и практичното знаење кај студентите од европските високообразовни институции.

Натпреварите ќе ги опфатат следниве области:
• вештачка интелигенција,
• виртуелни светови,
• квантумски технологии,
• полупроводници,
• иницијативата Destination Earth,
• плус една дополнителна област по избор на конзорциумот.

Секој натпревар треба да содржи најмалку три технички предизвици, развиени во соработка со врвни истражувачки институции и индустријата.
Натпреварите треба да привлечат студентски тимови од најмалку четири земји, а финалната церемонија ќе се одржи во Брисел.

Буџетот на повикот изнесува 7,2 милиони евра, а проектите ќе се спроведуваат во период од 36 месеци.

 

Потребен е конзорциум од најмалку 3 организации од 3 различни земји членки или асоцирани со програмата DIGITAL. Учесници може да бидат: универзитети и високообразовни институции, институции и центри за стручно образование и обука (VET), истражувачки организации, бизниси, ИКТ компании и индустриски партнери, јавни институции, невладини организации активни во дигиталниот сектор.

Овој повик претставува значајна можност за поттикнување талент, практични вештини, иновации и вклучување на младите во решавање на европските технолошки предизвици.

Повиците се отворени за аплицирање на 4 ноември 2025 со краен рок за поднесување апликации на 3 март 2026 година.

За дополнителни информации можете да не контактирате на следниот e-mail: Ljupka.trninkova@mdt.gov.mk ; digital.europe@mdt.gov.mk 

Мени за пристапност