Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ПОВИК за вработени лица во органите на државна управа за аплицирање за обуки за дигитални вештини

Министерство за дигитална трансформација Министерство за дигитална трансформација

 

Министерството за дигитална трансформација со поддршка од Европската Унија преку ИПА започна со реализација на ИПА проект „EU Digital and Media Acquis Harmonisation and Digital Transformation Skills Development“, кој има за цел да придонесе кон усогласување со европската дигитална и медиумска правна рамка, како и кон зајакнување на капацитетите за дигитална трансформација во јавниот сектор. За таа цел се повикуваат вработените во органите на државна управа да аплицираат на повикот за обуки за дигитални вештини. Може да се пријават само лица коишто се вработени во редовен работен однос, на неопределено работно време, во органите на државна управа.

Вработениот потребно е да има потпишано изјава/согласност дека во следните 2 години (откако ќе заврши со обуката) ќе остане да работи за институцијата која го номинирала. 

Исто така, потребно е вработениот да има согласност од раководното лице на институцијата дека може да посетува обука за дигитални вештини.

Рокот за пријавување е 10 дена (најдоцна до 31.08.2026г) преку следната Microsoft форма:

ПОВИК  – Fill in form

Содржината на информацијата со општите и специфичните обуки е на линкот подолу.

Содржина за Програма за обуки

Обуките ќе се одвиваат од септември 2026 до мај 2027 на ФИНКИ најчесто со физичко присуство (вкупно 200 часа) трипати неделно по 2 часа. Потребно е вработениот да предводи процеси кои ќе значат дигитална трансформација на активностите во институцијата, односно оние што ги водат или работат со проектите.

Обуките што се прикажани во содржината на информацијата се задолжителни за сите номинирани лица.

 

Изборот на специјализираните области се следните четири:

1.       Мрежи и сајбер безбедност

Обуките од оваа област ќе опфатат заштита на компјутерските системи и мрежи, управување со ранливости, контрола на пристап, користење заштитни ѕидови, воспоставување безбедни мрежни врски, анализа на системски записи и препознавање безбедносни инциденти.

Учесниците ќе стекнат и практични знаења за конфигурирање и одржување локални мрежи, користење мрежни сервиси, заштита на безжичните мрежи и дијагностицирање мрежни проблеми.

2.      Континуирана интеграција, испорака и администрација на системи

Оваа област ќе ги опфати современите процеси за развој, тестирање и испорака на софтвер, автоматизацијата на работните процеси, управувањето со верзии на код и користењето контејнерски технологии.

Обуките ќе вклучат и управување со корисници, системски ресурси, мрежни сервиси, резервни копии, виртуелизација, безбедносни политики и одржување на серверски и клиентски системи.

3.      Програмирање на клиентска и серверска страна

Во оваа област учесниците ќе стекнат знаења за развој на веб-апликации, креирање кориснички интерфејси, обработка и прикажување податоци, комуникација со серверски апликации и работа со бази на податоци.

Обуките ќе опфатат и развој на веб-сервиси и програмски интерфејси, што е особено важно за интеграција на информациските системи и размена на податоци меѓу институциите.

4.      Софтверски квалитет, тестирање и употребливост

Обуките ќе бидат насочени кон планирање и спроведување тестирање на софтверските решенија, изработка на тест-сценарија, идентификување и следење дефекти и проверка дали испорачаното решение ги исполнува барањата од техничката спецификација.

Дополнително ќе се обработуваат принципите на дизајн на разбирливи, пристапни и едноставни кориснички интерфејси, како и методите за оценување на нивната употребливост.

Изборните курсеви се избираат според моделот за остручување на кандидатите за дадена подобласт, т.е. модул.


 

Мени за пристапност