Продолжува кампањата за промоција на Националниот портал uslugi.gov.mk во рамките на која, во општина Чаир, присуствуваа министерот Стефан Андоновски заедно со потпретседателот на Владата Изет Меџити и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.
Заедно со дел од вработените во Министерството за дигитална трансформација на плоштадот Скендебег, преку директна комуникација со граѓаните, беа презентирани начинот и придобивките од користењето на Порталот, кој овозможува пристап до голем број услуги на едно место – брзо, лесно и ефикасно.
Се бележи континуиран раст на бројот на корисници на е- услугите што претставува потврда за значењето на дигиталната трансформација во јавната администрација и дополнителен поттик за понатамошно унапредување на системот во интерес на граѓаните.
МДТ и натаму останува посветено на заложбата, секој граѓанин да има еднаков и поедноставен пристап до јавните услуги.