Заменик министерот за дигитална трансформација се обрати на Меѓународната регулаторна конференција посветена на иднината на електронските комуникации и дигиталниот развој, организирана под мотото „Правилата за утре се сретнуваат денес“.
Во своето обраќање, заменик министерот истакна дека дигиталната трансформација повеќе не претставува прашање на иднината, туку реалност што директно влијае врз економијата, институциите и секојдневниот живот на граѓаните.
Тој нагласи дека електронските комуникации денес претставуваат темел на дигиталното општество и клучен двигател на економскиот раст, иновациите, дигиталните услуги и регионалната поврзаност.
Како Министерство за дигитална трансформација, активно работиме на изградба на безбеден, ефикасен и инклузивен дигитален екосистем, ориентиран кон потребите на граѓаните и бизнисите“, истакна заменик министерот.
Во рамки на обраќањето тој ги потенцираше заложбите за развојот на 5G инфраструктурата, унапредувањето на широкопојасниот интернет, зајакнувањето на сајбер безбедноста и усогласувањето со европските дигитални стандарди и регулативи.
Заменик министерот посочи дека овие процеси бараат силна институционална координација, партнерство со регулаторите, соработка со приватниот сектор и активна меѓународна размена на искуства и знаење.