Министерството за дигитална трансформација, во соработка со GIZ (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit), организира Националниот информативен ден за Програмата „Дигитална Европа“ (Digital Europe Programme – DEP), кој ќе се одржи на 29 јуни 2026 година во Скопје (локацијата ќе биде дополнително потврдена).
Настанот ќе ги претстави можностите што ги нуди Програмата „Дигитална Европа“ за периодот 2025–2027, актуелните отворени повици за финансирање, како и успешни примери и искуства од тековни проекти финансирани преку програмата.
Настанот е наменет за претставници на јавниот сектор, академската заедница, ИКТ секторот, малите и средни претпријатија, граѓанските организации и сите заинтересирани за учество во европски проекти за дигитална трансформација.
За сите заинтересирани ќе биде овозможено и виртуелно следење на настанот.