Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Инфо ден и настан за вмрежување за 10-тиот повик за Напредни дигитални вештини кофинансиран од ЕК во рамки на Програмата Дигитална Европа

Министерство за дигитална трансформација Министерство за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста и релевантните засегнати страни дека на 29 април 2026 година, ќе се одржи онлајн Инфо ден и Настан за вмрежување посветен на 10-тиот повик за Напредни дигитални вештини во рамки на програмата Дигитална Европа (Digital Europe Programme).

Настанот е организиран од Европската комисија, во соработка со Извршната агенција на Комисијата за здравство и дигитални технологии (HaDEA) и Платформата за дигитални вештини и работни места.

Основни информации:

Датум: 29 април 2026 година

Време: 10:00 – 16:00 часот (CEST)

Формат: онлајн

На 1 април 2026 година беше објавен 10-тиот сет на повици во рамки на Програмата Digital Europe, кој официјално се отвори на 21 април 2026 година, со краен рок за поднесување на проектни предлози до 1 октомври 2026 година (17:00 часот, CEST).

 

Области на повикот:

Повиците се насочени кон развој на напредни дигитални вештини и ги опфаќаат следните теми:

· EdTech Accelerator (DIGITAL-2026-SKILLS-10-EDTECH)

· Национални коалиции за дигитални вештини и работни места (DIGITAL-2026-SKILLS-10-NATIONAL-COALITIONS)

· Напредни дигитални вештини за примена на вештачка интелигенција во здравството (DIGITAL-2026-SKILLS-10-DIGITAL-HEALTH-STEP)

 

Програма на Инфо денот:

Настанот ќе опфати:

· Презентација на повиците од страна на претставници на Европската комисија

· Насоки за подготовка на lump sum буџет

· Практични информации за поднесување на проектни предлози

· Сесија за прашања и одговори

 

Настан за вмрежување:

Во попладневниот дел (13:00 – 16:00 часот) ќе се одржи Настан за вмрежување, кој претставува можност за:

· поврзување со потенцијални партнери

· размена на идеи

· формирање на конзорциуми за аплицирање на повикот

 

Регистрација:

За учество на Инфо ден, заинтересираните страни може да се регистрираат на следниот линк: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/InfoDay_April_2026

За учество на Настанот за вмрежување, потребно е да се изрази интерес при регистрацијата и да се пристапи кон алатката за вмрежување.

Повеќе информации за повиците можете да најдете на: EU Funding & Tenders Portal  и на https://www.euro-access.eu/en.

Министерството ги охрабрува сите релевантни институции, организации, компании и образовни установи активно да се вклучат во настанот, со цел навремено позиционирање и подготовка на квалитетни проектни предлози, поврзување со потенцијални партнери, размена на идеи и градење на силни конзорциуми за 10-тиот повик за Напредни дигитални вештини во рамки на Програмата Digital Europe.

Мени за пристапност