Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Објавени нови повици во рамки на Програмата „Дигитална Европа“ (DEP)

Министерство за дигитална трансформација Министерство за дигитална трансформација

Објавени нови повици во рамки на Програмата „Дигитална Европа“ (DEP)

 

Министерството за дигитална трансформација информира дека е објавен нов сет на повици во рамки на Програмата „Дигитална Европа“ (Digital Europe Programme – DEP) на EU Funding & Tenders Portal , согласно работната програма 2025–2027.

 

Повиците се отворени за аплицирање од 21 април 2026 година.
Краен рок за аплицирање: 1 октомври 2026 година (17:00 h)

 

Листа на теми на повиците

  • Примена на вештачка интелигенција: пилотирање на скрининг на медицински слики базиран на AI во медицински центри
    DIGITAL-2026-AI-PILOTING-10-SCREENING
  • Дигитални решенија за регулаторна усогласеност преку податоци
    DIGITAL-2026-AI-DATA-10-COMPLIANCE
  • Напредни дигитални вештини за примена на вештачка интелигенција во здравството
    DIGITAL-2026-SKILLS-10-DIGITAL-HEALTH-STEP
  • Платформа за дигитални вештини и работни места: Национални коалиции за дигитални вештини и работни места
    DIGITAL-2026-SKILLS-10-NATIONAL-COALITIONS
  • Акцелератор за образовни технологии
    DIGITAL-2026-SKILLS-10-EDTECH
  • Поддршка за повеќе-државни проекти: EDIC Support Hub
    DIGITAL-2026-BESTUSE-MCP-10-HUB
  • Градење капацитети за имплементација на EEHRxF и дигитални здравствени услуги и системи за поддршка на правата на граѓаните и повторна употреба на здравствени податоци во рамки на EHDS
    DIGITAL-2026-BESTUSE-10-EHDS
  • Рамка за истражувачка поддршка за ситуациска свесност за интегритетот на информации
    DIGITAL-2026-BESTUSE-RSF-10-AWARENESS
  • Поддршка за дисеминација и експлоатација (D&E) за Програмата „Дигитална Европа“
    DIGITAL-2026-SUPPORT-10-DISSEMINATION
  • Обезбедување сеопфатна географска покриеност на мрежата на Центри за побезбеден интернет (SICs)
    DIGITAL-2026-BESTUSE-10-NETWORKSICs

За подетално запознавање со условите и можностите, ќе бидат организирани информативни сесии од страна на Европската Комисија и Извршната агенција на Комисијата за здравство и дигитални технологии (HaDEA).

 

На овие сесии ќе бидат презентирани клучни информации за:

  • опсегот и очекуваните резултати од повиците
  • критериумите за подобност и евалуација
  • процесот на аплицирање и формирање конзорциуми

 

Министерството ги охрабрува сите релевантни институции, организации, компании и други заинтересирани страни активно да се вклучат и да ги искористат можностите што ги нуди Програмата „Дигитална Европа“.

 

За дополнителни информации можете да не контактирате наljupka.trninkova@mdt.gov.mk (078371864);aleksandar.bogojevski@mdt.gov.mk (070218186).

 

Мени за пристапност