Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Инфо ден за програмата Дигитална Европа - Меѓународен Балкански Универзитет

 Инфо ден за програмата Дигитална Европа - Меѓународен Балкански Универзитет

На 21 април 2026 година, претставници од Министерството за дигитална трансформација одржаа инфо ден посветен на програмата ,,Дигитална Европа“, во просториите на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје.

 

Настанот имаше за цел да ги запознае заинтересираните страни – претставници од јавниот сектор, академската заедница, бизнис секторот и граѓанските организации, со можностите што ги нуди програмата „Дигитална Европа“, како и со тековните и идните повици за финансирање.

 

Во рамки на инфо денот беа обработени повеќе клучни теми, меѓу кои:

 

  • тековни и претстојни повици за поднесување на проектни апликации
  • процес на креирање на конзорциуми
  • држави учесници и критериумите за учество во програмата
  • приоритети на програмата Дигитална Европа
  • успешни примери од ЕУ проекти
  • јакнење на институционалните капацитети за подготовка на конкурентни апликации

 

Посебен сегмент беше посветен на разгледување на потенцијални проектни идеи за заеднички апликации меѓу Министерството за дигитална трансформација и Воената академија, со цел отворање нови можности за институционална соработка и учество во европски проекти.

 

На меѓународниот настан присуствуваа претставници од академската заедница, меѓу кои проф. д-р Катерина Митевска Петрушева, Проректор за меѓународна соработка, проф. д-р Маре Ушкова, Еразмус институционален координатор , проф. д-р Намзи Ибраими, КА1 координатор, како и претставници од Министерството за дигитална трансформација и учесници од 11 Европски држави претставници на високо образовни институции.

 

Раководителот на Одделението за ИПА и друга странска помош, м-р Александар Богојевски , одржа детална презентација за програмата ,,Дигитална Европа“, при што ги претстави клучните аспекти на аплицирањето, критериумите за оценување, како и практичните насоки за подготовка на успешни проектни предлози. Беше презентирано и резиме на успешни проектни апликации, со цел да се добие појасна слика за очекувањата и стандардите на програмата.

 

Проректорката Митевска Петрушева од своја страна ја истакна важноста од соработката меѓу академските институции и државните органи во насока на дигитална трансформација и интеграција во европските текови.

 

Настанот заврши со интерактивна сесија „Прашања и одговори“, во која учесниците имаа можност да дискутираат за практичните аспекти на аплицирањето, како и за критериумите и приоритетите на програмата.

 

Министерството за дигитална трансформација ќе продолжи со организирање на вакви настани со цел да се поттикне поголема искористеност на европските програми и да се зајакне дигиталниот капацитет на државата.

Мени за пристапност