Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Андоновски: На младите треба да им се овозможи непречен пристап до модерната технологија

Андоновски: На младите треба да им се овозможи непречен пристап до модерната технологија

Дигиталната трансформација и вештачката интелигенција беа во фокусот на обраќањето на министерот Стефан Андоновски на настанот ,,Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади“, бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите.
 
Министерот Андоновски се осврна на континуираните и силни заложби за дигитална трансформација, со цел на младите да им се овозможи непречен пристап до модерната технологија.
 
,,Како Влада на сите студенти на додипломски студии од државните и приватните универзитети им овозможивме ваучер за ИТ уред од 15.300 денари; Со над 90 милиони денари го поддржавме УКИМ преку ФИНКИ како носител на проектот „Везилка’’, центарот за вештачка интелигенција на македонски јазик, кој е во финална фаза на потпишување на договор со ЕУ; Гo дигитализиравме пакетот услуги од Државниот завод за статистика, со што студентите ќе можат хартиените документи кои ги пополнуваат секој семестар, од сега тоа да го направат електронски преку Националниот портал за услуги“, истакна Андоновски.
 
Министерот воедно ги истакна и активностите во насока на намалување на дигиталниот јаз, преку обезбедување на wifi точки низ факултетите, со што сите студенти сега имаат можност за бесплатен пристап до интернет просторот.

Мени за пристапност