ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА
Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk е повторно во функција.
По надминувањето на техничките предизвици и завршувањето на неопходните активности за надградба, услугите на порталот повторно им се достапни на граѓаните.
Им благодариме на граѓаните за трпението, разбирањето и довербата.