Денеска во владата на Република Македонија министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во соработка со организацијата “Македонија 2025”, оствари средба со претставници од стопанските комори и приватниот сектор.
На средбата пред присутните министерот ги нагласи заложбите на владата за дигитализација на административните услуги кои се однесуваат пред се на бизнисот, а имаат за цел да ги олеснат бирократските процедури и да го забрзаат процесот на економски раст и развој на земјата.
“Поддршката и развојот на приватниот сектор е клучна за развојот на Македонија. Дигитализацијата е предвесник на економскиот бум, затоа наша главна цел е дигитализација на државните, но и на приватните институции.” истакна Андоновски.
Во продолжение на настанот претставниците од бизнис секторот имаа можност да ги споделат своите искуства од соработката со институциите, но и да дадат свои предлози и забелешки во процесот на забрзување на услугите од страна институциите кон стопанството и граѓаните.