Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за започнување со работа на MKD-GOV-CSIRT

Известување за започнување со работа на MKD-GOV-CSIRT

Тимот за одговор на компјутерски инциденти за органите на извршната власт – MKD-GOV-CSIRT, кој функционира во рамките на Министерството за дигитална трансформација, официјално започнува со работа од 1 мај 2026 година. Тимот е воспоставен согласно Законот за безбедност на мрежни и информациски системи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 135 од 4.7.2025), со цел да обезбеди координиран, навремен и ефикасен одговор на сајбер безбедносни инциденти и закани во органите на државната управа.

MKD-GOV-CSIRT ќе ја унапредува безбедноста на мрежите и информациските системи преку превенција, рана детекција и координирано справување со сајбер инциденти, како и преку поддршка на институциите во зајакнување на нивната сајбер отпорност. Тимот ќе има централна улога во координацијата, размената на информации и градењето на стабилен и сигурен национален систем за сајбер безбедност

Мени за пристапност