Министерот Андоновски оствари средба со амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас

Министерот Андоновски оствари средба со амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас

Денеска, во просториите на Министерството за дигитална трансформација, министерот Андоновски оствари работна средба со Амбасадорот на ЕУ во земјава, Н.Е. Михалис Рокас. 

Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, при што главна тема на разговорот беше претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, кој ќе се одржи на почетокот на октомври во Скопје.

Министерот Андоновски изрази благодарност на поддршката од страна на Европската Унија за земјава, посебно во делот на дигиталната трансформација како и во целта да се реализира првата „супер владина апликација“, која со помош на грант од ЕУ во висина од 1,2 милиони евра, ќе стане реалност за граѓаните.

Министерството за дигитална трансформација активно работи на иновациите, претприемништвото и поддршка на малите и средни претпријатија за дигитална трансформација, преку можностите и програмите што ги нуди Европската Унија.

Мени за пристапност