Ве известуваме дека на 14. Април 2025 ќе се одржи онлајн настан: “GenAI Meets Public Administrations” – Info Day: funding opportunities and future adoption strategies“, од 09.30 до 15.30 часот и воедно ве покануваме за учество на истиот.
Овој онлајн настан е организиран од Канцеларијата за вештачка интелигенција на Европската комисија, како дел од стратегијата Apply AI, со цел да се претстави неодамна објавениот Повик за предлози за пилот-проекти за генеративна вештачка интелигенција (GenAI) за јавните администрации, во рамките на Програмата за Дигитална Европа 2025-2027 ,кои ќе бидат отворени за аплицирање од 15 април 2025.
Повикот располага со вкупен буџет од 21 милион евра и ќе поддржи до четири проекти за воведување на скалабилни и реплицирачки европски решенија базирани на генеративна вештачка интелигенција во јавните администрации.
Програма на настанот:
- Првиот дел на Инфо денот ќе биде посветен на претставување на повикот, неговите цели, барања и очекувани резултати, проследен со сесија за прашања и одговори (Q&A).
- Потоа ќе следи сесија за презентации (pitching session), наменета за поврзување на потребите и интересите на јавните администрации со GenAI решенија од европски стартапи, со цел олеснување на формирањето на идни конзорциуми.
- Вториот дел од настанот ќе се фокусира на стратегијата Apply AI, која има за цел да го забрза усвојувањето на вештачката интелигенција во клучни вертикали и јавниот сектор. Овој дел ќе опфати дискусија за најперспективните AI решенија со големо влијание и потенцијал за скалирање, како и структурирана повратна информација од засегнатите страни. Дополнително, ќе бидат разгледани бариерите за примена и мерките за нивно надминување.
Регистрација:
Ги покануваме сите релевантни засегнати страни, како што се јавни институции, стартапи или мали и средни претпријатија, кои би биле заинтересирани за учество или аплицирање, да се регистрираат преку официјалната веб-страница на настанот:
🔗 GenAI Meets Public Administrations – Info Day
На оваа страница исто така ќе можете да прикачите презентација, доколку сакате да учествувате во сесијата за презентации.
За дополнителни информации или прашања, обратете се на:
📧 CNECT-AI-IN-PUBLIC-ADMINISTRATION@ec.europa.eu
Организатор: Европска комисија, Генерална дирекција за комуникациски мрежи, содржина и технологии (DG CNECT)– Канцеларија за вештачка интелигенција
Контакт информации: Ivana Zeppa and Melhem Daoud (преку CNECT-AI-IN-PUBLIC-ADMINISTRATION@ec.europa.eu)
Одговорен тим: Канцеларија за вештачка интелигенција – Извонредност во ВИ и роботика (Одделение A.1)
Со нетрпение го очекуваме вашето учество во обликувањето на иднината на генеративната вештачка интелигенција во јавната администрација во Р.С.Македонија.