Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Потпишан Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group

Потпишан Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group

Воспоставување рамка за соработка, во насока на меѓународно позиционирање на иницијативата за Дигитален иновациски хаб, е целта на Меморандумот за разбирање што денеска го потпишаа Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и Н.Е. д-р Хамад Ал Шамси, претседател на Бордот на Emirates Investment Group.

 

Со Меморандумот ќе се овозможи соработка во делот на подготовка на стратешки и инвестициски презентациски материјали, обезбедување советодавна поддршка, усогласување со најдобрите практики од Обединетите Арапски Емирати и меѓународните практики, како и поддршка во процесот на привлекување меѓународни инвеститори, стратешки партнери и технолошки оператори.

 

Министерството за дигитална трансформација преку ваквите активности продолжува да работи на отворање нови можности за поголема меѓународна видливост на С.Македонија во областа на дигиталните инвестиции, иновациите и напредните технологии.

 

Оваа соработка претставува важен чекор кон зајакнување на дигиталниот екосистем, создавање услови за нови партнерства и поддршка на иницијативи кои можат да придонесат за економски развој и подобро позиционирање на државата во глобалните технолошки текови.

Мени за пристапност