Прво место за Министерството за дигитална трансформација, според Индексот за активна транспарентност

Министерство за дигитална трансформација Министерство за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација е рангирано на прво место според Индексот на активна транспарентност во редовното годишно рангирање на Центарот за граѓански комуникации.

Во рангирањето беа вклучени 102 институции- Владата, сите министерства и општиниИстражувањето се спроведува врз основа на претходно изработени методологија и структурирани прашалници за состојбата на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите на интернет-страниците на институциите.

Под ,,активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.

Министерството за дигитална трансформација, како новоформирана институција, оствари резултат од максимални 100%, со што ја потврди  силната заложба за отворено, отчетно и граѓански ориентирано работење.

Нашето Министерство, ќе продолжи со транспарентно објавување на информации, понатамошно унапредување на дигиталните услуги и алатки кои овозможуваат лесен пристап до информации, како и со креирање политики што ја поттикнуваат транспарентноста, иновациите и дигиталната писменост во општеството.

МДТ беше вклучено во креирањето веб страниците за сите министерства како и за порталот за отворени податоци data.gov.mk, кој претставува официјална платформа за слободен и бесплатен пристап до податоци генерирани од јавните институции и е клучен инструмент за унапредување на транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните во креирањето на јавните политики.

https://www.ccc.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=591%3A-2025-&lang=mk

Мени за пристапност