Национална вежба за сајбер-отпорност

Национална вежба за сајбер-отпорност

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја отвори Националната вежба за сајбер-отпорност, организирана од Министерството за дигитална трансформација и Амбасадата на САД, со поддршка на експертите од MITRE.

 

,,Нашата цел е јасна – од политичка посветеност да преминеме кон практична, тестирана и мерлива отпорност на државата во сајбер-просторот. Тоа значи дека безбедноста на мрежите и информациските системи не е само технологија – таа е комбинација од луѓе, процеси, доверба и координација“, рече Андоновски.

 

Министерот истакна дека, со Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 и усогласувањето со NIS 2 Директивата, поставивме цврсти темели за управување со ризици, јавно-приватна соработка и побрз одговор на инциденти.

 

,,Денешната вежба е чекор напред – тестирање на нашите капацитети преку реални сценарија и подготовка за воспоставување на владин CSIRT тимБлагодарност до сите институции, партнери и учесници. Заедно градиме технолошки безбедна, институционално координирана и општествено отпорна Македонија, во тесна соработка со клучните НАТО партнери“, заврши Андоновски.

Мени за пристапност