Средба со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман

Средба со амбасадорката на Швајцарија,  Н.Е. Вероник Улман

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија,  Н.Е. Вероник Улман, која помина во конструктивна и пријатна атмосфера, при што изрази искрена благодарност за континуираната поддршка.

Во фокусот на средбата беа можностите за унапредување на дигиталната трансформација и поддршката што пријателските земји, како што е Швајцарија и ја даваат на Македонија во следењето на современите глобални процеси.

Заедничката соработка е клучна за создавање иновативна и инклузивна дигитална иднина.

Мени за пристапност