Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го потпиша третиот налог за забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа.
Заклучно со денеска, затворени се вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа.
,,Тука не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените. Затоа, повторно ги повикувам нашите сограѓани да ги повлечат средствата кои ги имаат депонирано на вакви страници за игри на среќа", порача министерот Андоновски.
Според Андоновски, новиот Закон за игри на среќа, дополнително ќе се справува со сеприсутното рекламирање и лажното претставување на приредувачите на игри на среќа.