Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Варџиски : Довербата е една од најзначајните валути во дигиталното доба и зависи директно од безбедноста на дигиталните системи

Варџиски : Довербата е една од најзначајните валути во дигиталното доба и зависи директно од безбедноста на дигиталните системи

Довербата е една од најзначајните валути во дигиталното доба, но истата зависи директно од безбедноста и сигурноста на дигиталните системи”, истакна заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски, во своето обраќање на регионалната конференција Ingram & Vendors Networking #5 во Охрид.

Тој посочи дека Министерството активно инвестира во развој на модерна и безбедна дигитална инфраструктура, имплементација на европските стандарди и регулативи, развој на квалификувани кадри и креирање нови дигитални услуги, со цел воспоставување одржлив, безбеден и доверлив дигитален екосистем.

Заменик-министерот нагласи дека сајбер-безбедноста е еден од врвните приоритети на Министерството, истакнувајќи ги активностите како усвојување на Националната стратегија за сајбер-безбедност, усогласувањето со NIS2 директивата на Европската Унија, формирањето на Секторот за сајбер-безбедност и отворањето на Владиниот центар за одговор на сајбер-инциденти — MKD GOV CIRT.

Мени за пристапност