Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Варџиски : Забрзана дигитализација и примена на вештачката интелегенција се клучни за развој на бизнис секторот

Варџиски :  Забрзана дигитализација и примена на вештачката интелегенција се клучни за развој на бизнис секторот

Заменик министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски учествуваше на Конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“ во Будва, каде што се дискутираше за националните политики за поддршка и развој на малите и средните претпријатија, со посебен акцент на дигитализацијата.

На настанот, заменик министерот се осврна на активностите и поддршката за компаниите преку дигиталниот европски иновациски хаб ИНОФЕИТ, како и на проектот „Везилка – Антена на Фабриката за Вештачка Интелигенција“, како следна национална платформа поврзана со европскиот дигитален екосистем за вештачка интелигенција и европската инфраструктура на суперкомпјутери. Исто така, беше истакната и подготовката на националната стратегија за вештачка интелигенција.

Мени за пристапност