Заменик-министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасијевиќ Варџиски, им посака добредојде на претставниците на повеќе од 40 европски национални еспорт федерации кои учествуваа на седмото Генерално собрание на Европската Еспорт Федерација, чиј домаќин беше Македонската Еспорт Федерација.
Во своето обраќање, заменик-министерот Варџиски ја истакна сè поголемата улога на еспортот во дигиталниот свет, особено за младите и новите генерации.
Тој посочи дека развојот на еспортот бара соработка меѓу федерациите, институциите и целата еспорт заедница, со цел создавање нови можности за младите и унапредување на дигиталната средина.