Заменик министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски, на 02.јули учествуваше на панел дискусија во рамки на Конференцијата за сајбер безбедност на високо ниво за Западен Балкан – CyberPulse 2025: "Следење на напредокот, градење
отпорност, поттикнување промени", која се одржа во Подгорица, организирана од Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка на Европската комисија.
На настанот учество земаа претставници на влади, регионални институции и институции на ЕУ, експерти за сајбер безбедност и лидери од приватниот сектор со цел да споделат знаење, искуство и добри практики во насока на справување со растечката закана од сајбер напади низ целиот регион.
Во дискусијата, заменик министерот ги истакна заложбите и достигнувањата на Министерството за дигитална трансформација во делот на сајбер безбедноста, со фокус на усвоената Сајбер стратегија и акцискиот план, како и новитетите и реформите кои ги носи новиот усвоен Закон за безбедност на мрежи и информациски системи од реформската агенда, целосно усогласен со НИС 2 директивата.
Варџиски ја искористи можноста да ги информира присутните за Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025 кој треба да се одржи на 1 и 2 Октомври во Скопје, во организација на Министерството за Дигитална трансформација и RCC.