Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Андоновски во работна посета на Литванија

Министерство за дигитална трансформација Министерство за дигитална трансформација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во наредните два дена ќе оствари официјална посета на Вилнус, Република Литванија.

 

Посетата е на иницијатива на Амбасадата на Република Литванија во Република С.Македонија и ќе се одвива според исклучително динамична агенда, која опфаќа средби на високо ниво и состаноци со државни институции надлежни за дигитализација, иновации и сајбер-безбедност.

 

На првиот ден од посетата, министерот Андоновски ќе оствари средба со Едвинас Грикшас, министер за економија и иновации на Република Литванија. Во рамки на престојот, министерот ќе оствари средби и со замениците-министри за надворешни работи и за национална одбрана на Литванија.

 

Посетата на министерот Андоновски уште еднаш ги потврдува добрите односи меѓу двете земји, како и неодамнешната одлука на Владата за отворање на наша Амбасада во Вилнус. Амбасадата ќе има и поширока регионална улога, претставувајќи централна точка за покривање на останатите балтички држави во политичката, економската, културната, конзуларната и во другите сфери од заеднички интерес.

 

Република Литванија е меѓу најактивните членки на Европската Унија и НАТО во доменот на безбедносните политики и политиката на проширување на Унијата, како и држава која континуирано го поддржува процесот на европска интеграција на Република С.Македонија.

Мени за пристапност