Министерот Стефан Андоновски оствари значајна работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство Н.Е. Метју Лосон

Министерот Стефан Андоновски оствари значајна работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство Н.Е. Метју Лосон

На средбата меѓу министерот Андоновски и амбасадорот Лосон, се разговараше за можностите за соработка и поддршка во делот на сајбер безбедноста како и за Дигиталниот самит наменет за земјите од Западен Балкан, кој ќе се одржи во октомври во Скопје.

 

Андоновски истакна дека Обединетото Кралство е наш стратешки партнер, а нивната континуирана поддршка е од особено значење за унапредување на клучните реформски процеси.

Продолжуваме да градиме партнерства што ќе придонесат кон дигитална, безбедна и иновативна Македонија.

Мени за пристапност