Направена е целосна интеграција на системот за единствена регистрација и најавување корисници на Централен регистар со eID - систем за единствена најава, преку Министерството за дигитална трансформација.
Ова беше во фокусот на разговорите меѓу министерот Стефан Андоновски со директорката на Централниот регистар, д-р Анита Стамнова и директорот на КИБС, Горан Анастасовски. ЦРМ го имплементираше и OneID - системот за автентикација на корисници на високо ниво преку КИБС.
На средбата беше констатирано дека Централниот регистар е една од институциите предводници на процесот на дигитална трансформација на услугите за граѓаните и компаниите.
Граѓаните и бизнисите добиваат нови дигитализирани услуги и нова можност, без десетици лозинки и кориснички имиња да имаaт пристап до сите услуги на еден клик.