Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на средба со златниот медалист Владимир Грчев

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на средба со златниот медалист Владимир Грчев

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска го прими на средба младиот информатичар Владимир Грчев, кој неодамна го освои златниот медал на Европската олимпијада по информатика за млади (EJOI), која се одржа во Шумен, Бугарија.

 

Владимир Грчев, ученик во прва година во приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Скопје, потекнува од Кочани и е еден од најперспективните млади таленти во областа на информатиката во земјава.

 

Министерот Андоновски му честиташе за извонредниот успех и изрази голема гордост за резултатот кој Владимир го постигна на меѓународната сцена.

 

„Успесите како овој не само што го потврдуваат квалитетот на младите ИТ таленти во Македонија, туку и нè охрабруваат да продолжиме со инвестирање во нивниот развој. Сигурен сум дека Владимир допрва ќе ја радува Македонија со европски и светски успеси на секое негово идно натпреварување,“ соопшти министерот Андоновски.

 

Министерот додаде дека Министерството за дигитална трансформација и Владата ќе продолжат со поддршка за ваквите млади таленти кои гордо ја претставуваат Македонија ширум светот, преку програми за образование, иновации и натпреварувачки активности во областа на технологијата и програмирањето.

Мени за пристапност