ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ

Министерство за дигитална трансформација Министерство за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација информира дека е отворен повикот DIGITAL-2026-AI-09-GENAI-PA – Apply AI: GenAI for the Public Administrations, во рамките на Програмата „Дигитална Европа“, со целосно 100% финансирање од Европската Унија.

Повикот има за цел координација и поддршка на пилот-проекти за примена на генеративна вештачка интелигенција (GenAI), целосно интегрирани во оперативните работни процеси и ИТ системите на јавните администрации, со јасен фокус на нивна скалабилност и можност за репликација во различни институционални и национални контексти.

Преку овој повик ќе се поддржи воспоставување на координациска и поддржувачка акција (Coordination and Support Action – CSA), која ќе овозможи унапредување на успешните европски GenAI решенија преку развој на практични алатки за нивно проширување и повторна примена, како што се прирачници за имплементација, техничка документација, репозиториуми за проценка на репликабилност, програми за обука и размена на знаења, како и воспоставување заедница на практика на европско ниво. Предвидено е и воспоставување на helpdesk кој ќе обезбедува техничка, организациска и правна поддршка, вклучително и во областа на јавните набавки, за јавните администрации заинтересирани за воведување GenAI решенија.

Повикот дополнително има за цел да ги идентификува заедничките потреби на јавните администрации за европски GenAI решенија, со што ќе се овозможи здружување на побарувачката на ниво на Европската Унија и ќе се создадат услови за поголема видливост и вклучување на европските стартапи и иновативни компании. Преку овие активности ќе се зајакне меѓудржавната соработка и ќе се постават темелите за одржлива европска заедница за генеративна вештачка интелигенција во јавниот сектор, базирана на споделување знаење, заедничко учење и градење доверба во европските технолошки решенија.

Право на учество имаат конзорциуми составени од најмалку три независни организации од три различни земји членки на Европската Унија или земји асоцирани со Програмата „Дигитална Европа“. Како потенцијални апликанти се наведуваат јавни институции на национално, регионално и локално ниво, универзитети и истражувачки институции, образовни и тренинг институции, мали и средни претпријатија, приватни компании, како и невладини и граѓански организации активни во областа на дигиталните технологии.

 

Буџетот на повикот изнесува 1.800.000 евра, со 100% стапка на финансирање од Европската Унија, а проектот  ќе се спроведува во период од 36 месеци.

Повикот е отворен на 4 ноември 2025 година, со краен рок за поднесување на апликации на 3 март 2026 година до 17:00 часот, преку електронскиот систем на Funding & Tenders Portal на Европската комисија.

За дополнителни информации и поддршка при подготовка на апликации, заинтересираните институции може да се обратат на електронската адреса: Ljupka.trninkova@mdt.gov.mk ; digital.europe@mdt.gov.mk

Линк до повикот: EU Funding & Tenders Portal

 

Министерство за дигитална трансформација

Мени за пристапност