Значајна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Н.Е. Петра Дракслер

Значајна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Н.Е. Петра Дракслер

Динамична дискусија за унапредување на билатералната соработка во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста, беше остварена на средбата меѓу министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и   амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Н.Е. Петра Дракслер

Особено внимание беше посветено на претстојниот Дигитален самит на Западен Балкан, кој ќе се одржи во Скопје во октомври, и за што е изразена подготвеност за соработка.

Вложувањето во дигиталната инфраструктура и иновациите ќе биде од клучно значење за иднината на нашите општества.

Мени за пристапност