Варџиски : Локалната самоуправа е местото каде што најмногу се чувствува влијанието на државата врз квалитетот на животот на граѓаните

Варџиски : Локалната самоуправа е местото каде што најмногу се чувствува влијанието на државата врз квалитетот на животот на граѓаните

Заменик министерот Радослав Настасијевиќ Варџиски учествуваше на Годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните“, како дел од панел дискусијата каде ги претстави иницијативите на Министерството за дигитална трансформација во насока на директна поддршка на локалните самоуправи во дигитализација на услугите и процесите.

 

На настанот потенцираше дека локалната самоуправа е местото каде што најмногу се чувствува влијанието на државата врз квалитетот на животот на граѓаните.

 

Во излагањето ја потврди посветеноста на државата за дигитална трансформација на сите нивоа, вклучувајќи ги и општините, со осврт на 3 клучни платформи кои се нудат за институциите и предноста од нивно користење како подобар сервис за граѓаните, стабилност, безбедност, поддршка и заштеди на ресурси.

 

Платформа за интероперабилност – За брза и безбедна размена на податоци помеѓу институциите.

 

2. е-ДМС – За електронско управување со документи и дигитализирана јавна администрација.

 

3. Националниот портал за е-услуги – место каде граѓанинот е секогаш на ред.

 

Дополнително информираше за дел од проектите кои се во тек:

 

- Проект за дигитализација на локални јавни услуги на порталот uslugi.gov.mk, во соработка со Министерството за локална самоуправа и Амбасадата на Швајцарија;

 

- Проект за изработка на веб-страни за локалните самоуправи на кој има пријавени над 50 институции.

 

- Проект за бесплатни WI-FI зони во општините со поддршка на Европската Унија.

Мени за пристапност